Нова ера на културна соработка помеѓу Македонија и Република Србија

Сподели го ова:





























Нова ера на културна соработка меѓу Македонија и Република Србија се отвора со Програмата за соработка во културата 2026–2030, која денес во Крушево беше потпишана помеѓу министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот Никола Селаковиќ.

Програмата ја продлабочува долгогодишната традиција на пријателство и соработка меѓу нашите народи и овозможува реализација на заеднички проекти, изложби, камерни музички програми и фестивали кои ќе ја збогатат културната сцена и уметничкото творештво во двете држави. Особено задоволство предизвикува успешната работа на македонскиот Културно-информативен центар во Белград и очекуваното отворање на српски културен центар во Скопје, кои ќе станат значајни мостови на културната размена. Со ова ја потврдуваме и континуираната поддршка на македонската заедница во Србија и српската во Македонија, како и заеднички активности во рамките на Форумот на словенските култури, промоцијата на „100 словенски романи“ и музејската работилница во Охрид. Програмата покажува дека културата може да биде повеќе од уметност, таа е простор за дијалог, размена на идеи и градење трајни врски меѓу нашите заедници.

Се радувам на сè што следува!” – порача министерот Љутков.




Сподели го ова:

Слични објави