МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА! Честит празник МАКЕДОНЦИ!!!

Сподели го ова:


























Честит празник и нека ни е вековит 11-ти Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ!

Водени од идеалите за слободна и суверена македонска држава и носејќи ги на грбот илјадниците жртви на војната, беспоштедно започнуваме борба која подоцна ќе го донесе големото ослободување на нашата Македонија, но и придонес за слободата во Европа.

Овој празник, оваа победа на македонскиот народ е светла точка во нашата историја. Но исто така поттик и мотив сега и во иднина цврсто да застанеме кога се во прашање националните интереси, доколку сакаме да го продолжиме патот кој е започнат пред повеќе од 80 години, а со тоа да го зачуваме достоинството на Република Македонија!

Празнувајќи денес, оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја. Тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои опстојува денешната современа Република Македонија. Посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава мораме да останиме цврсти, одлучни и сплотени на браникот на татковината!




Сподели го ова:

Слични објави