НОВ ПАРКИНГ ПРОСТОР ВО БИТОЛА
Денес се асфалтираше новиот паркинг простор во поранешната касарна кој е изграден на СТУ9 АРМ Четврт 3.
Вкупната површина на овој паркинг простор е 1550 м2 и се обезбедуваат нови паркинг места во тој дел на градот.
Проектот кој е од вториот владин повик преку Министерството за транспорт предвидуваше и се изведе коловоз, атмосферска канализација, сообраќај и осветлување.
Вредноста на договор изнесува 6.256.014,18 денари.
Во моментот се работи и на други локации со што се исполнува заложбата на Општината за обезбедување што повеќе паркинг места во градот.


















