Вкупно 9 повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола
Како што информиравме претходно, сообраќајна незгода се случи утрово на магистралниот пат А3, на делницата Битола–Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница, при што сообраќајот е во прекин.
Во Клиничката болница во Битола беа примени вкупно девет повредени во судирот на четири возила. Имено, вкупно 6 лица моментално се на Одделот за хирургија, додека пак тројца од повредените се пуштени на домашно лекување.
Сите повредени се во стабилна состојба.


















