Денес во 19 часот-народен протест пред Владата на Република Македонија

Сподели го ова:


























opstina

Од коментарите, и од она што може да се забележи на социјалните мрежи, очигледно е дека денес ќе има река од народ пред Владата на Република Македонија. На овој сенароден протест освен ВМРО-ДПМНЕ и партијата “Левица”, поддршка ќе дадат и други останати партии и голем број на граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на иницијативата за протести. Повикувам на сенароден протест. Го повикувам цел народ од цела Македонија, но и однадвор, да се приклучи и да застане до нас и да го одбраниме она што се вика европска вредност и да го спасиме процесот на преговори… Нема да имаме почеток и отворање на кластерот, се додека не се случат уставните измени. На страна 8, пак, од предлогот, е избришан делот каде во првиот дел стоеше делот за јазикот, ама јасно стои дека Македонија не може да го почне процесот на преговори се додека не биде поптишан протоколот од втората средба на заедничката меѓувладина комисија која е основана врз основа на член 12 од Договорот за добрососедство што го има нашата Влада потпишано со нашиот источни сосед. Тоа е оној протокол во кој се содржани историјата ,културата, се што треба да се направи како измена во нашите учебници…Ваков ултимат за Македонија – не благодарам. Сега е моментот кога треба да се биде гласен, јасен, да се заземе вистинска страна. Странаната на Македонија и страната на народот. Оваа Влада прави огромна штета, бидејќи одобрување на ваква рамка значи или во ЕУ асимилирани и бугаризирани или секогаш да останеме надвор од ЕУ. Јас ултиматуми по цена на достоинство на народот не прифаќам и никогаш нема да се согласам на тоа-истакна Мицкоски во текот на вчерашниот ден.




Сподели го ова:

Слични објави