ОГАН ПОД ЅВЕЗДИТЕ: Прилепчанецот Рубин Димкоски е новиот член на “Меморија”, групата која се враќа на сцената со нова песна
По спектакуларниот скопски концерт пред две години во арената „Борис Трајковски“ и неколкуте концертни настапи низ Македонија, легендарната македонска група „Меморија“ последнов период е премногу активна на музички план.
Планираат да издадат неколку синглови, од кои првата песна веќе се појави во македонскиот радио етер. Станува збор за одлична гитарска рок балада насловена „За тебе“, која што мошне стилски по својот звук, во многу нешта наликува на досегашните песни и хитови на “Меморија”. Она што е ново во ова група, е докажаниот прилепчанец и одличен гитарист Рубин Димкоски од Прилеп, кој што веќе извесен период е дел од оваа музичка група, и истиот ги свири сите гитарски делници во групата, онака маестрално и професионално – како што само самиот тој знае. Големиот музички квалитет, Рубин Димкоски го донесе онаму, каде што и самиот тој заслужува до “Оган под ѕвездите” и до култната “Меморија”. Димкоски, на публиката и е добро познат. Станува збор за маестро кој што на музичката сцена е присутен повеќе од 30 години, како музички, така и продукциски. Овој наш докажан прилепчанец е дел и од групите “Теди и Рубин”, како и “The Four”.
Оваа година на 16-ти ноември во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, новите песни ќе бидат во живо промовирани на голем концерт, на кој освен новите ќе бидат отсвирени и старите песни како што се: Дирлада, „Оган под ѕвездите“, „Одам засекогаш“… Бендот е повтроно на големо активен и веќе го подготвува новиот материјал кој ќе се најде на нивниот најнов албум кој ќе излезе некаде пред нова година. На 1-ви јуни „Меморија“ ќе одржи одличен концерт и во Штип.