НИШТО ОД БИЗНИСОТ: Во Прилеп уапсени се 4 лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути

Сподели го ова:























На 04.07.2023 во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, во соработка со инспектори од Државниот девизен инспекторат, извршиле контрола на подрачјето на град Прилеп, со цел откривање на кривични дела од Законот за девизното работење.

При контролата биле затекнати 4 лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути со други лица. Притоа, М.Т.(61), Ј.К.(65), С.Ѓ.(53) и В.М.(67), сите од Прилеп, биле лишени од слобода, поради сомнение за извршено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови“ и кај нив се пронајдени и привремено одземени вкупно околу 1.545.097 денари во различни валути.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Прилеп – информираат од МВР.



Сподели го ова:

Слични објави