Пронајдена дрога и точење алкохол на малолетници во угостителски објекти

Сподели го ова:

Денеска (18.02.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција во координација со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава.

При контролата, констатирано е едно кривично дело по член 215 и едно кривично дело по член 204 од Кривичниот законик. Во угостителски објект во Неготино, кај М.А.(32) од с.Корешница, демиркаписко, било пронајдено шише со течност и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во угостителски објект во Тетово биле затекнати двајца малолетници при консумирање алкохол, за што против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава. Притоа биле констатирани и 31 прекршок по член 21 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир – присуство на малолетници во угостителски објект по 00.00 часот.
Акциските контроли во угостителските објекти продолжуваат и во наредните денови. 



Сподели го ова:

Слични објави