Непрекинато се работи во интерес на учениците! Во OOУ Рампо Левката – Прилеп целосно се реконструирани 16 училници, а од наредната седмица ќе се започне со реконструкција на кабинетите по Природни науки и Информатика

Сподели го ова:






























Во изминатиов период во OOУ Рампо Левката – Прилеп, целосно се реконструирани 16 училници, во насока на подобрување на наставнообразовниот процес. Процесот на реконструкција опфаќа:

-ѕидови и тавани со абриб,

-поставена е нова електрична и интернет инсталација во училниците

-во сите училници поставени се нови лед светилки,

-во 6 училници се поставени клима уреди

Од наредната седмица во ова училиште ќе се започне со реконструкција на кабинетите по Природни науки и Информатика, со што во училиштето ќе бидат реконструирани сите училници и кабинети.




Сподели го ова:

Слични објави