ВИДЕО: У.Ж. на ОК ВМРО ДПМНЕ-Прилеп донираше училишен прибор на ученици од социјално загрозени семејства во руралните средини


Денес, Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ-Прилеп, организираше хуманитарна акција, при што беше дониран училишен прибор на ученици од социјално загрозени семејства во руралните средини.
Хуманоста е света работа, колку човек повеќе ја има во себе толку е поблиску до високите човечки вредности. Затоа ОК на ВМРО ДПМНЕ ги чува и ги воздигнува овие човечки вредности – истакна претседателката на Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ-Прилеп Билјана Кузманоска, на денешната прес конференција која целосно Ви ја прикажуваме во прилог на оваа наша објава:

“Почитувани сограѓани,
Со оваа хуманитарна акција ќе бидат поделени 20 пакетчиња, секое во вредност од околу 1000ден со тоа што сакаме симболично да помогнеме во стартот на учебната година.
Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП упатува остра критика до владата на СДСМ и ДУИ поради тоа што не покажаа соодветно внимание кон образованието и направија тотален хаос во образовниот систем, а никој од власта не се грижи за овие пропусти.
Согласно фактот што ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што е во опозиција секогаш излегува во пресрет и помага на сите граѓани.
На крајот изразувам огромна благодарност до членството на ВМРО-ДПМНЕ, кое со свои донации ни овозможи да набавиме прибор за децата од ранливите категории” – истакна претседателката на Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ-Прилеп Билјана Кузманоска.



















