Нема да има повеќе жртви! На експресниот пат Градско-Прилеп, ќе биде поставена нова подобрена сообраќајна сигнализација
Во однос на црните точки на експресниот пат Градско-Прилеп, директорот на Државни патишта, Коце Трајановски, најави дека ќе биде поставена нова, подобрена сообраќајна сигнализација.
„Тоа е еден од новите патишта, што ги пуштивме во текот на изминатата година направено според важечките законски прописи. Меѓутоа поради повеќе жртви на овој пат, веќе е изготвен проект, доставен до Министерството за транспорт…
Очекуваме во краток рок да биде одобрен, по што ќе започнеме со поставување на новата сигнализација, која ќе придонесе за намалување на сообраќајните несреќи и жртви“– истакна Трајановски во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.















