Голема акција за чистење на дивите депонии

Сподели го ова:


Градоначалникот Борче Јовчески заедно со в.д  директорите на ЈКП „Комуналец“ Рубин Абрашоски, ЈКП „Водовод и канализација„  Игор Гулабоски денеска присуствуваа на акцијата за чистење на дивите депонии од клучката кај Салида по регионалниот пат до бензинската на Лук Оил.

„Денеска организираме голема акција за чистење на дивите депонии во делот на клучката за влез од Прилеп кон Битола кон бензинската станица на Лук Оил. Оваа акција е по иницијатива на градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески во соработка на Јавните Комунални Претпријатија и со помош на градежната оператива на градот. Оваа акција има за цел да овозможи чистење на дивите депонии и почист град. Додека во светот сите го селектираат ѓубрето и се залагаат за помалку смет и ѓубре ние сме тие кои треба да допринесеме за почиста околина како за нас, за нашите сограѓани и за нашите поколенија. Воедно упатувам апел до граѓаните да ги користат услугите на ЈКП “Комуналец„ за депонирање на било каков отпад бидејќи со тоа ја зачувуваме чиста нашата средина“, посочи Абрашоски в.д  директор на ЈКП “Комуналец„.





Сподели го ова:

Слични објави