Упорноста и посветеноста, го однесоа нашиот прилепчанец Дамјан Атанасоски до големото финале во Србија

Сподели го ова:





























На 5-ти декември во Нови Сад – Србија, се одржа големиот Меморијален турнир во гимнастика “Лаза Крстиќ и Марица Џелатовиќ”. На овој турнир, свој претставник имаше и Прилеп. Станува збор за прилепчанецот Дамјан Атанасоски кој е дел од гимнастичкиот клуб “Партизан Соколи”.

Атанасоски, се натпреваруваше во супер тешка конкуренција со натпреварувачи од 16 земји, при што на крајот се пласираше во финалето, и го освои 4-то место!

“И покрај тешките услови, упорноста и посветеноста не водат до финале: Спортски успех како доказ за сила на волјата на нашиот гимнастичар Дамјан Атанасоски. Во конкуренција од 16 земји, се пласираше на четвртото место” -се вели во објавата од Гимнастичарскиот клуб “Пaртизан Соколи” – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави