НАВРНАА ОКОЛУ 20 л/м²: Денес, повеќе делови од Прилеп го зафатија обилни врнежи од дожд и грмежи
Прогнозата од метеоролозите целосно се оствари. Повеќе делови од Прилеп го зафатија обилни врнежи од дожд и грмежи – нешто околу 15 часот. Како резултат на невремето, дел од прилепчани се соочија со поплавени улици и отежнато движење на возилата. Во градот под Марковите Кули за многу кратко време наврнаа околу 20 л/м².
Прогнозата и наредните денови не оди баш во прилог на граѓаните, при што во деновите кои следат, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе имаме променливо облачно и нестабилно време, кое што на повеќе места ќе биде проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни, и проследени со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), силен ветер, електрични празнења, а можна е и изолирана појава на град.