Во ООУ Климент Охридски – Прилеп, се прават последните подготовки во пресрет на новата учебна година
Како и да е, повеќе од очигледно е дека учениците од ООУ „Климент Охридски“ ќе ја започнат новата учебна година во одлични услови за учење. Ова наше прилепско училиште, ги прави последните подготовки во пресрет на почетокот на новата учебна година.
Од она што можеше да го регистрира нашата информативна екипа, можеме да констатираме дека техничката служба при ООУ „Климент Охридски“ континуирано работи во однос на одржување на хигиената и техничките детали во ова училиште, при што овие денови надворешно се миеа дури и прозорците од училниците кои се наоѓаат на највисоките спратови.
Ова училиште, како претходната година – така и оваа, ги прави последните подготовки со надеж за повторно остварување на високи образовни резултати како од страна на наставниците, така и од страна на учениците.