Наскоро, нова претстава на сцената на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ се подготвува нова претставата. Станува збор за детската претстава „Пипи долгиот чорап“ од Астрид Линдгрен, истата ќе биде во режија на Кристина Димитрова, а драматизацијата на популарниот текст е на Ивана Нелковска.
Претставата е самостоен проект на театарот „Војдан Чернодрински“, а во истата ќе играат: Ангела Наумоска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески и Михајло Миленкоски. Сценографијата е дело на Бојана А. Трпческа во соработка со Петко Ристески, костимите ги изработи Христијан Нашуловски, додека пак музиката е дело на Томе Темелкоски.