Најдовски: Како Градоначалник на Општина Демир Хисар ја потпишав Декларацијата за безбедност во сообраќајот со која се обврзуваме на модернизација на раскрсниците и локалните патишта

Сподели го ова:






























Локалната самоуправа има активен придонес и е исклучително значајна во унапредувањето на превентивните политики и конкретните мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот заедно со државните институции. За таа цел, деенска во Скопје се одржа Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локална самоуправа“.

Денес учествував на Националната конференција за „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, која се одржа во Скопје во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Заедно со вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓеорѓиевски, претседателот на РСБСП Горан Ангеловски и градоначалниците од целата држава, дискутиравме за заедничките политики и чекори кои треба да ги преземеме за создавање побезбедни локални средини. Како Градоначалник на Општина Демир Хисар, ја потпишав Декларацијата за безбедност во сообраќајот, со која се обврзуваме на модернизација на раскрсниците и локалните патишта, обезбедување безбедни услови за пешаците, велосипедистите и сите учесници во сообраќајот, идентификација и намалување на „црните точки“ и вградување на безбедносни стандарди во урбанистичкото планирање и новите проекти” – истакна градоначалникот Најдовски.




Сподели го ова:

Слични објави