ГРАЃАНИТЕ СО ПЕТИЦИЈА ЌЕ БАРААТ ВОВЕДУВАЊЕ НА СМРТНА КАЗНА: Потпишувањето веќе започна!
Граѓаните во нашата земја не престануваат да бараат правда за Вања и велат дека доживотен затвор за сторителите на ваквите злосторства е премала казна, и затоа бараат убијците на Вања да добијат смртна казна.
На социјалните мрежи веќе се споделува петиција – насловена „Смртна казна на убијците на Вања, а од страна на граѓаните не стивнуваат и повиците од сите страни за одговорност и максимални казни за ваквите злосторства.