|

На прилепскиот плоштад на 31.12.2022 богата новогодишна програма за најмладите, а за останатите екстра популарен бенд

Сподели го ова:


























Информативниот тим на STANICA.MK од свои сопствени, проверени извори дознава дека годинава Општина Прилеп за своите сограѓани ќе приреди одлична забава, како за најмладите, така и за повозрасните. Имено за најмладите, оваа година ќе има спектакуларна новогодишна претстава во која ќе учествуваат новогодишни маскоти, а од музичка гледна точка ќе има цел детски фестивал со учесници од повеќе градови.

Што се однесува пак за малку повозрасната категорија, и за нив ќе има бенд кој што со сигурност ќе ја збогати новогодишната забава на градскиот плоштад.

Како и да е, за новата година и старо и младо, сите на градскиот плоштад.

Напомена: Официјалните имиња на учесниците за новогодишната прослава ќе бидат објавени од страна на Општина Прилеп, меѓутоа од она што го дознавме од наши проверени извори во однос на кои имиња ќе настапат, можеме да Ви гарантираме одлична новогодишна забава.




Сподели го ова:

Слични објави