КАЛЕНДАРСКИ ПОЧНУВА ЗИМАТА: Дали ќе имаме снег оваа зима?

Сподели го ова:























Официјално, од денеска врз основа на календарот пристигна зимата, на која најмногу и се радуваат нашите најмили, пред се заради снегот кој создава убави детски спомени. Меѓутоа, снег никако да падне и да ги задоволи барањата на децата. Додека пак за нас возрасните, конечно е време да се навикнеме на овие студени, декемвриски температури, кои се својствени за овој период од годината. Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 36 минути, до 20 март 2023 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.Зимата во земјава и на северната хемисфера на земјата, календарски почнува вечер во 22 часот и 48 минути. 

Студот е тој кој што веќе започна да царува и го најави денешниот официјален почеток на зимата. Врз основа на временската прогноза за месец декември не очекуваат и минусни температури, меѓутоа за овој месец не се очекува да има снег и да се формира снежна покривка.



Сподели го ова:

Слични објави