Кој сваќа “пофаќа”, од Господ грев не го фаќа: Премиера во Крушево на СВАЌИ – урнебесна комедија која ќе ве остави без здив!
Почитувани со посебно внимание и задоволство ви ја најавуваме и покануваме на премиерата на драмата “Сваќи”, урнебесна комедија со која смеата и солзите навистина одат рака под рака.
Пред повеќе од триесет години Коста Хасану – КОКО ја напиша и изигра драмата, а сега под режисерската идеја на професорката Надица Нане и младите и надежни актерки од СОУ “Наум Наумовски-Борче” повторно ќе биде прикажана во ново руво.

Премиерата ќе биде изведена во салата при Домот на култура “Наум Наумовски-Борче” Крушево, на 20.02.2026 година (петок) во 19:00 часот.
Локација : Конгресна сала Хотел Монтана
Билет: 100 денари.
Резервации и информации на контакт телефоните : 076/265 605 и 078/246 802.


















