НА ПОМОШ – ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Влегуваме во четвртата недела од Велигденските пости

Сподели го ова:


























Веќе од денеска, влегуваме во четвртата недела од Велигденските пости. Постот е востановен од Бога со заповедта дадена на првите луѓе во земниот Рај – да не јадат од дрвото за познавање на доброто и злото (1. Мој. 2, 17). Преку неа Бог сакал уште на самиот почеток да ги научи луѓето на послушание и воздржување. И нашиот Спасител, Господ Исус Христос, пред да започне со Своето искупително и спасително дело за човечкиот род, постел 40 дена (Мт. 4, 2), сакајќи со тоа да им остави поука и на Неговите следбеници да постат. Следејќи го примерот на Господ Исус Христос, светата Православна Црква уште од апостолско време одредила за своите верници пост, го определила времето на постот и која храна да ја јадат христијаните за време на постот.

Имено, Светата Четириесетница е востановена во чест на спасителните страдања и Воскресението на Господа Исуса Христа. Според Типикот на Православната Црква се пости вака: за цело време на постот во сабота и недела е дозволена употреба на масло. Во останатите денови од седмицата (од понеделник до петок) не се употребува масло. Риба се употребува само на Благовештение и Врбица (Цветници). Ако Благовештение падне пред Врбица (Цветници), тогаш на денот после Благовештение се разрешува масло и вино.




Сподели го ова:

Слични објави