Имаме видеа што ќе покажат дека браќата од 27 април не се терористи – истакна денеска Тодор Куларов

Сподели го ова:






























Одборот на проектот „Стоп на политичкиот терор и прогон“, денеска презентираше фотографии и видео материјали од гласањето во законодавниот дом на 27 април, при што истиот бара целосна ревизија, како и повторување на постапката.

Ќе ги дадеме сите фотографии и видеа од гласањето во Собранието на судски вештаци, и тие да ги пребројат гласовите, односно кренатите раце при гласањето за избор на претседател и кога ќе избројат 58 гласови, односно недоволен број на гласови за мнозинство, тогаш ќе заклучиме дека сите што влегоа во Собранието тој ден се најголеми патриоти, а не терористи. Се разбира дека никој не оправдува физички напади, но клучот е во тоа дека браќата од 27 април не се терористи, ниту било што наведува дека се работи за договорени терористички напади и други насилни дела и организирани активности. Тие самите меѓусебе не се ни познаваат и намерно се создаваше слика дека се работи за којзнае каков терористички план,,, Направивме алманах за детално да објасниме како се одвива проектот и на кој начин стигнуваме до донесување слобода за сите тие луѓе. Ова е случај кој го следат полно контроверзии. Седум години многу работи се испуштени, многу работи не се направени, односно, апсолутно никаква иницијатива не е пројавена до пола година наназад, а после тоа на чуден начин почнаа разно разни иницијативи. Јас ќе речам дури и без концепт. Но, ова е проект кој една година е подготвуван и стоиме позади тоа дека е единствен којшто ќе донесе слобода за браќата од 27 април, рече рече Тодор Кулаков.




Сподели го ова:

Слични објави