На денешен ден во 1947 година во Прилеп е родена Блага Петреска
Блага Петреска е родена во Прилеп на 6 април 1947 година. Уште како млада благодарение на нејзиниот голем музички талент завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје.
Веднаш потоа, три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје. Првите снимки како изведувач ги направила со оркестарот на Кочо Петровски.
Во нејзината долга кариера има снимено голем број на песни, меѓу кои и дуетите со Гоце Арнаудов “Пеам да не заплачам”, и со Ефто Пупиновски “Песна може се”, “Зоро моја Зорице” и “Кај ме залуди Калино”.