Тимот што победува – не се менува! Прилепските одбојкари со победа ја започнаа втората одбојкарска сезона
Победнички почеток на прилепчани денеска во Гевгелија, каде започна втората одбојкарска сезона во ветеранска конкуренција. Оваа година лигата брои осум екипи, а Прилеп има свој претставник во екипата на “11 Октомври ветерани”.

На денешниот прв натпревар нашата екипа забележа триумф против екипата – домаќин Гевгелија со 2:0 (25:19, 25:20) во сетови, и со тоа ги освои првите бодови годинава. Прилепската екипа настапи во следниот состав: Жарко Илиески, Теодор Ангелески, Зоран Пилоски, Димитар Стрезоски, Мартин Наумоски и Гоце Бурнески – истакнаа прилепските ветерани.
Второто коло е на програмата за само седум дена во Струмица, каде што оваа прилепска екипа, повторно ќе игра со домаќините. Потсетуваме, минатата година “11 Октомври ветерани” играше на фајнал фор турнирот.



















