ПОВТОРНО АПСЕЊЕ ВО ПРИЛЕП: Овој пат 23 годишен прилепчанец лишен од слобода

На 21.01.2023 во 00.15 часот во атар на с.Кадино Село, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода М.Ј.(23) од с.Галичани, прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било предадено во ОВР Прилеп за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.