УЖИВАЈТЕ ВО ОВА СВЕЖО – ПРИЈАТНО ВРЕМЕ: Од сабота следуваат повторно високи температури
Се до петок вечерта, ќе имаме период на значително постудено време проследено со умерен до засилен ветер од западен и од северозападен правец. Утринските температури се очекува да достигнат до 16 степени, а максималните ќе бидат до 31 степен.
Веќе од викендот не очекува екстремно топол бран и екстремно високи температури на воздухот, па затоа се додека можете уживајте во ова свежо – пријатно време.