На битолската улица „Козара“ зад Здравствениот дом во Битола, денеска во тек се активности за бонификација на нестабилен терен под коловоз
На улицата „Козара“ зад Здравствениот дом во Битола, денеска во тек се активности за бонификација на нестабилен терен под коловоз ( стабилизирање на постелица ), а потоа ќе се продолжи со изработка на коловозната конструкција, ископи, тампонирање, поставување на рабници, изработка на сливници и асфалтирање.
По тампонирањето на „Козара“, градежните активности ќе продолжат на улицата „Чеде Филиповски“.
Изведбата на градежните работи кои извесно време беа во мирување, односно се пролонгираа и предизвикаа реакција кај жителите од овој регион беше заради обезбедување на потребната документација, бидејќи улиците кои се во фаза на реконструкција се во централното градско јадро кое е строго заштитено подрачје.
Со овај проект се опфаќа целосна реконструкција на улиците: „Панде Николов“, „11-ти Март“, „Козара“, кракот од ул. „Козара’ и ул. „Чеде Филиповски“ кои што се наоѓаат во централното градското подрачје опфатено со деталниот урбанистички план – „ДУП Централно градско подрачје 1 дел”.


















