Полицајци од МВР барале 50 евра за да не казнат возач
Во текот на вчерашниот ден (02.08.2022) во Полициската станица Чаир во 18:12 часот, лицето Б.Б.(34) од Скопје, пријавило дека на ул.„Македонскo-косовска бригада“ околу 14:45 часот со неговото возило „опел зафира“, во кое било со уште едно лице З.М., бил сопрен од тројца полициски службеници на МВР. За случајот запознаен е Одделот за внатрешна контрола-криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.
Врз основа на пријавата од лицето Б.Б.(34) од Скопје, полицајците му ги побарале потребните документи, при што откако Б.Б. им соопштил дека не ги носи, од нивна страна добил информација дека треба да плати казна од 500 евра и дека возилото ќе му биде одземено. Меѓутоа, врз основа на пријавата, полицијаците му понудиле да им даде 50 евра за да се почестат. Лицето Б.Б. им дало само 2000 денари, по што тројцата полицајци го пуштиле да си замине.
Веднаш по преземените мерки МВР доаѓа до констатација дека станува збор за полициски службеници од Шуто Оризари, кои во тој времеснки период биле на должност, меѓутоа не на местата на кои биле распоредени за да ја извршуваат својата работа.
Дали тројцата полициски службеници со парите се почестиле во некоја кафеана, и ако се почестиле-што порачале за јадење и пиење- сега за сега, останува знак прашалник.