Синоќа во Прилеп се приведени двајца млади прилепчани бидејќи полицијата кај нив пронашла марихуана, додека пак вкупно 19 малолетници биле затекнати во угостителски објект по полноќ

Во синоќешната полициска акција во Прилеп се приведени двајца млади прилепчани А.Ч (26) и И.Д.(29), бидејќи полицијата кај нив вчера пронајде марихуана, додека пак вкупно 19 малолетници биле затекнати во угостителски објект по полноќ, а кај пет од овие малолетни лица било констатирано присуство на алкохол.
Оваа полициска акција била спроведена вчера вечерта од 23 часот до 3 часот рано изутрината, во рамките на т.н. „Безбедно лето 2022“.