МВР со информација каде било најдено починатото тело на прилепчанецот Александар
На 22.02.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во 20.15 часот на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот.
Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – информира МВР.