Министерот Андоновски: Во Прилеп реализирано е уште едно ветување за граѓаните

Сподели го ова:





























Денеска во Прилеп министерот Стефан Андоновски заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски и неговиот тим го посетија новиот Центар за услуги во Прилеп, кој е резултат на успешната соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општината.

“При мојата последна посета на Прилеп најавив дека ќе отвориме канцеларија преку која услугите на институциите ќе им ги доближиме на граѓаните во Прилеп. Денес, тоа ветување е реализирано.

Во Центарот, граѓаните од Прилеп и околината можат на едно место да добијат информации, стручна поддршка и помош при користењето на електронските услуги достапни преку Националниот портал – uslugi.gov.mk.

Нашата цел е едноставна: граѓаните да не одат од институција до институција, туку услугите да ги добиваат побрзо, полесно и поблиску до местото во кое живеат. Министерството континуирано работи на отворање нови Центри за услуги и во останатите градови низ државата, со цел електронските и административните услуги да бидат подостапни за сите граѓани и компании.

Градиме систем кој испорачува за граѓаните” – истакна министерот Андоновски.




Сподели го ова:

Слични објави