Градоначалникот Никола Најдовски со повик до своите сограѓани по повод 100-те дена од преземањето на функцијата Градоначалник на Општина Демир Хисар

Сподели го ова:
























Градоначалникот Никола Најдовски, како резултат на своето досегашно успешно работење упати повик до своите сограѓани за да го погледнат и проследат отчетот на сето она што до сега го има сработено овој успешен градоначалник. “Почитувани согрaѓани,сакам јавно да Ве повикам, на 28.02.2022г. внимателно да го проследите деталниот отчет по повод 100те дена од преземањето на функцијата Градоначалник на Општина Демир Хисар. На настанот детално ќе бидат презентирани сите мои активности во изминатиов период, но и јавно обелоденети сите долгови на општината и остнатите институци, како и коруптивни афери од четиригодишното владеење со истите од страна на сдс.Во продолжение,(“испровоциран” од некои фб статуси) би сакал да постaвам неколку прашања до нашите политички опоненти:

1. Зошто, умислено и тенденциозно, ја блокирате општината и гласате против/воздржано за предлог буџетот за 2022г. иако немавте ниту една забелешка по истиот?

2. Дали е коректно кон нашите сограѓани, пликоата со материјалите за седницата, кои Ви беа доставени 7 дена пред истата, дел од Вас да ги отварате на самата седница?

3. Дали им кажавте, барем на вашите гласачи, дека свикавте седница на последниот ден од месец јануари, со една точка на дневен ред, која не е во ваша надлежност, само како изговор да го земите месечниот надоместок?

4. Дали мислите дека било кој наш сограѓанин го интересира вашиот внатрепартиски распад(како што сами велите) и за сметка на тоа треба да живее во неизвесност?На крај, не мора ни да одговарате.Нашите сограѓани ги имаат одговорите на овие, но и на многу други прашања.Токму затоа сте таму каде што сте”-истакна Градоначалникот на Општина Демир Хисар- Никола Најдовски




Сподели го ова:

Слични објави