“КРИВИЧНА” ЗА ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ: Полицијата изврши преглед во патничко возило „пежо“

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Г.(19) и А.М.(25), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 14.10.2022, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „пежо“, во кое бил А.М. со уште две лица, при што била пронајдена и одземена марихуана, а од земени примероци кај другите две лица било потврдено присуство на метаболити – ИНФОРМИРА МВР.















