Голем пожар во штала во прилепско! Изгореа три животни, а повреден е малолетник
На 24.06.2025 во 21.27 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Дреновци, прилепско, настанал пожар во штала сопственост на П.В.(67).

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп, а со повреди се здобил малолетник од с.Дреновци, прилепско, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Исто така, во пожарот изгореле три домашни животни. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот – информира МВР.


















