РАДОСТИ: Учениците од ООУ “Блаже Конески” – Прилеп учебната година ја започнаа во целосно подобрени услови!
Во училиштето што го носи името на нашиот најголем амбасадор на македонската книжевност, имаме нови инвестиции со кои што во летниот период беа значително подобрени условите за работа и учење. Во ова училиште е извршено комплетно партерно уредување на задниот дел од училиштето каде што беа поставени нови бекатон плочки, и беше изграден нов летниковец. Исто така, реновирани се санитарните јазли на двата спрата и набавени се машини за чистење со цел подобрување на хигиената во училиштето.
Во однос на набавките, набавени се 8 интерактивни табли, нов експанзионен сад за котларата и поставени се роло завеси – во целата училишна зграда!
И библиотеката во училиштето е збогатена со нови литературни и лектирни изданија а во подрачното училиште во населбата Варош, младите ученици го пречекаа прилепскиот градоначалник Борче Јовчески со интонирање на химната на Република Македонија.