Македонија доби нова Влада! Христијан Мицкоски е нов премиер

Сподели го ова:


























Вечерва, мнозинството на пратеници во Собранието на Република Македонија дадоа зелено светло за предлог Влада, предводена од Христијан Мицкоски кој всушност е нов премиер на Македонија. Во прилог погледнете ги министрите кои ќе ја сочинуваат новата Влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски:

Министрите на ВМРО ДПМНЕ

Владо Мисајловски, министер за одбрана
Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
Александар Николовски, министер за транспорт – вицепремиер
Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците – вицепремиер
Гордана Димитриеска Кочовска, министер за финансии
Сања Божиновска, министер за енергетика
Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
Весна Јаневска, министер за образование и наука
Златко Перински, министер за локална самоуправа
Зоран Лутков, министер за култура и туризам
Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
Борко Ристовски, министер за спорт
Лупчо Димовски, вицепремиер за политички систем
Шабан Салиу, министер без ресор, за спроведување на декадата на Ромите

Министрите на коалицијата „Влен“

Изет Меџити, прв вицепремиер, министер за екологија
Арбен Таравари, министер за здравство
Бесар Дурмиши, министер за социјална политика, демографија и млади
Фатмир Лимани, министер за економија и труд.
Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење
Орхан Муртезани, министер за евроинтеграции

Министрите на „Знам“

Игор Филков, министер за правда
Горан Минчев, министер за администрација.




Сподели го ова:

Слични објави