МИХАИЛОВ: Прилеп и прилепчани, но пред се твоето семејство изгуби прекрасен и предобар човек со огромно срце! Почивај во мир Деан ќе фалиш премногу

Сподели го ова:


Во Прилеп, како гром од ведро небо одекна веста дека 39 годишниот млад прилепчанец Деан К. го загуби животот во страотната сообрајќајна несреќа која што се случи вчера. Имено, сообраќајката се случила вчера во 17:55 часот помеѓу товарно возило со полуприколка и автомобил „голф“ кој што бил управуван од Д.К. (1982) од Прилеп, кај кого што смрт била констатирана вчера вечерта во 19:30 часот. Во однос на оваа сообрајќајќа, повредени се и други две лица кои веднаш по несреќата се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. На социјалните мрежи од својот другар Деан се опрости и Кире Михаилов кој што во македонската јавност важи за голем борец на сето она што е македонско, на македонските корени и историја, при што истакна: Прилеп и прилепчани, но пред се твоето семејство изгуби прекрасен и предобар човек со огромно срце! Почивај во мир Деан ќе фалиш премногу”напиша Михаилов на социјалните мрежи. Имено Деан ќе остане запаметен како голем- патриот, и вистински професионалец кој беше вработен во прилепскиот затвор. Неговото чисто срце секогаш беше насочено кон македонскиот патриотизам, и беше човек кој се бореше за вистинските интереси на нашата земја, за македонските интереси и идеали. Секогаш скромен, чесен, и секогаш достапен да помогне на македонскиот народ. “Вечна ти слава пријателе, и од горе чувај ни ја нашата Македонија-барем со твоја помош и помошта на Бог да го сочуваме и она малку македонско кое ни остана”-се дел од коментарите на прилепчани. Информативниот тим на STANICA.MK упатува искрено сочувство до неговото семејство и неговите најблиски.





Сподели го ова:

Слични објави