Мартина Пројческа е нов директор на ООУ Блаже Конески-Прилеп
Најновите информации за прилепскиот регион, секогаш најбрзо пристигнуваат на Вашата прва информативна станица “STANICA.MK”, па така е и овој пат.
Врз основа на нашите извори, како и врз основа на информациите со кои располагаме како информативен портал кој што непрекинато 24/7 “под будно око” ја следи ситуацијата на терен, можеме да соопштиме дека ООУ “Блаже Конески” -Прилеп има нова в.д. директорка.
Станува збор за Мартина Пројческа – докажана, способна личност, како и вистински професионалец во својата област.
Пројческа има повеќе годишно искуство во ова училиште како одделенски наставник, а во прилепската јавност важи за млада-способна личност, која што поседува голем број на вештини, кои се надеваме дека ќе ги примени при менаџирање со ова прилепско основно училиште.