МИСЛИТЕ ЛИ ДЕКА НЕКОГАШ “ЌЕ НЕ БИДЕ” КАКО СИСТЕМ И КАКО ДРЖАВА?
Втора недела откако почна „истрагата“ на институциите за скандалот на Онкологија и нема никаков резултат, ниту пак има некакви индиции.
Индициите за криминал на Онкологија во јавноста се говорат веќе со месеци и години наназад. Се правело бизнис со скапата терапија наменета за болните, односно пациентите останувале без потребните цитостатици, а истите биле препродавани на црниот пазар во Македонија и во странство. Наместо потребниот лек, според сведоштвата, пациентите добивале физиолошки раствор, а некој правел грдни пари со лековите кои некому живот значат.
Тоа што после толку денови од „официјалната истрага“ нема притворени или суспендирани, отвора сомнеж дека виновниците можеби се некои од највисоките ешалони на власта и дека сега се прави операција за прикривање на докази, криење на трагите и заташкување на криминалот.