Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп се на терен и работат во координираност со Општина Прилеп на што побрзо санирање на настанатиот проблем и враќање на сообраќајницата во првобитната состојба

Сподели го ова:
















Известување од ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп

Почитувани сограѓани, во текот на денешниот ден настана ситуација на потегот на кружниот тек во близина на поштата, поради пропаѓање на веќе постоечкиот стар подземен канал.

Екипите на ЈКП„Водовод и канализација“ – Прилеп се на терен и работат во координираност со Општина Прилеп на што побрзо санирање на настанатиот проблем и враќање на сообраќајницата во првобитната состојба, за што известено е Министерството за внатрешни работи ПС Прилеп.

Ве замолуваме за трпение за сообрќајните пренасочувања и сообраќајниот метеж кој настана поради оваа непредвидена ситуација.

Ви благодариме на Вашето разбирање – стои во известувањето од ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп.



Сподели го ова:

Слични објави