Даре Кочовски го фати светиот крст во Општина Демир Хисар

Сподели го ова:
















Денеска на големиот христијански празник „Богојавление“ – Водици, 2022 год. во Општина Демир Хисар, светиот крст се фрлаше во 18 населени места на територијата на Општина Демир Хисар, Денеска, традиционално, беше одбележан празникот, каде што беше организирано фрлање на Светиот крст и симболично осветување на водите. Општина Демир Хисар и градоначалникот Никола Најдовски, оваа година обезбедија пригодни подароци кои беа свечено доделени за најсреќните од страна на општинска делегација, а најмасовно денеска во оваа општина беше на централната Богојавленската свеченост – Водичарска церемонија на мостот на Стара Река, населба Мургашево, Демир Хисар, каде најсреќен беше Даре Кочовски. По тој повод Градоначалникот на Општина Демир Хисар истакна: “Нека денешниот голем христијански празник донесе многу здравје, среќа и радост во секој дом.Честитки и се најдобро на Даре Кочовски на кој што му посакувам среќна и успешна година.За многу години Богојавление – Водици!”-истакна градоначалникот на Општина Демир Хисар-Никола Најдовски.







Сподели го ова:

Слични објави