ДПИ со контроли во бурекџилниците! Бурекот во Прилеп и до “80 денари за четврт”

Сподели го ова:


























И покрај се, дел од прилепските бурекџилници не успеаа да ги намалат цените на нивните производи, и покрај одлуката на Владата. Обичен геврек чини 20 денари, а бурекот со месо некаде достигнува од 75 до 80 денари. Меѓутоа, ситуацијата е сосема поразлична во другите градови. Еве на пример во Охрид, иако е туристички град, бурек може да се најде во центарот во Охрид за цена од 65 денари, а цената на кифлите за разлика од Прилеп е помала од 5 до 10 денари. Исто така, бурекот во старата скопска чаршија на некои места изнесува само 55 денари.

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, истакна директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски, откако граѓани се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива.

Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот за трговијата, член 3. Денес, инспекторите прават контроли во маркетите, утре се предвидени контроли на трговците на мало и на бурекчилниците, а задутре ќе ги контролираме трговците на големо. Трговците на големо ќе ги контролираме на крајот за да им оставиме време да ги потрошат резервите. Во одлуката за ограничување на маржата влегува и јогуртот, нагласи Трајковски.




Сподели го ова:

Слични објави