Денеска на Пелистер битолчани го одбележаа Денот на планината

Сподели го ова:































Денеска, битолчани го одбележаа Денот на планината на Националниот Парк Пелистер.

Со особена чест и благодарност примив плакета од ПСК „Пелистер“ по повод одбележувањето 90 години од формирањето на планинарскиот клуб, на настан на кој воедно беше одбележан и Денот на планината. Девет децении посветеност, љубов кон планината и негување на планинарскиот дух се вградени во историјата на Пелистер и Битола. ПСК „Пелистер“ претставува симбол на традиција, заедништво и одговорен однос кон природата. Искрени честитки за значајниот јубилеј и благодарност за признанието. Нека следат уште многу години успешна работа, нови патеки и генерации планинари кои ќе ја сакаат и чуваат планината – истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави