Претседателката на Република Македонија оствари средба со американската амбасадорка Анџела Агелер
Претседателката на нашата земја Гордана Сиљановска Давкова, денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.
“Со американската амбасадорка Агелер разговаравме за македонскo-американските односи, за евроинтеграциите на земјава, како и за потенцијалите коишто ги нуди Стратешкиот дијалог за конкретизирање на билатералната соработка меѓу и
. Благодарност за улогата и поддршката од САД во интензивирање на реформските процеси. Остануваме посветени на спроведување на реформите во владеењето на правото, борбата против корупцијата и реформите во безбедносниот сектор, како едни од нашите највисоки приоритети” – порача Гордана Силјановска Давкова.