Кривична пријава за двајца млади прилепчани

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.Т.(18) од прилепско и Х.Ц.(19) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 15.02.2023 првопријавениот му продал марихуана на второпријавениот, а на 19.02.2023 во Прилеп при извршен преглед над второпријавениот, пронајдена била марихуана – информира МВР.