ПОГЛЕДНЕТЕ: Учениците од СОУ „Орде Чопела“ ќе уживаат во повеќе новитети
Нова училница на отворено во СОУ „Орде Чопела“, реконструкција на подовите во училниците, нови проектори и професионални микроскопи. Во средното општинско училиште „Орде Чопела“ само за овие новитети и реконструкции инвестирани се околу 1 милион денари.
Нашата визија и крајна цел е со максимално наше ангажирање заедно со директорите на сите основни и средни училишта преку осовремување на просторот и подобрување на условите за учење и работа, да создадеме можности за максимален индивидуален развој на секој ученик во општина Прилеп.
Денес имав прилика да ги поздравам учениците и наставниот кадар на ова наше средно општинско училиште кое што има за цел да ги поттикнува интелектуалните, емоционалните и творечки потенцијали на ученикот и неговото максимално ангажирање во усвојувањето на квалитетни, трајни и применливи знаења. Посветени за Прилеп и прилепчани! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.