Започна процесот на комплетно реновирање на прилепскиот амфитеатар во Варош! Летово, овој простор ќе живее во знакот на културните и музичките настани
Амфитеатарот во Варош комплетно се реновира. Се заменуваат дрвените штафни на седалата за публиката, се чистат и преуредуваат плочите, а се планираат и многу други работи со цел амфитетарот да биде место каде ќе се одржуваат голем број манифестации и настани.
На иницијатива на градоначалникот Дејан Проданоски, месец Мај за варошани и прилепчани беше богат со голем број одржани манифестации, концерти и настани.
Летово, овој простор ќе живее во знакот на културните и музичките настани.


















