Во Прилеп aктивни се 132 случаеви од Ковид-19

Сподели го ова:
















Во Прилеп, врз основа на последните податоци имаме 9 нови регистрирани случаеви од Ковид 19. Врз основа на тоа, моменталната бројка на активни заразени од ковид пандемијата во општина Прилеп изнесува вкупно 132 случаеви. Искрено, оваа бројка не е за потценување во време кога Ковид-19 во општините дејствува со помал процент, при што во нашата земја има градови кои имаат само по неколку активни случаеви од Ковид-19, додека пак Дојран е единственото место во Македонија каде нема ниту еден активен случај на Ковид-19. Се надеваме дека моменталната состојба во Дојран ќе стане реалност и во нашиот Прилеп, градот каде што сите ние заедно работиме и допридонесуваме за едно подобро утре-за сите нас.







Сподели го ова:

Слични објави