Да ти е “мерак” да гледаш и уживаш! НУЦК “Марко Цепенков” со огромна понуда на културни настани
Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ – Прилеп, над 40 години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на Прилеп кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува голем број на актери, музичари, писатели и сликари.
Колку за потсетување, за својата исклучително значајна културна дејност како и за инзвондредните театарски и музичко сценски изведби, во 2009 година НУЦК“Марко Цепенков“ ја доби најпрестижната награда на град Прилеп “3-ти Ноември”.
И овој месец НУЦК Марко Цепенков со со огромна понуда на културни настани:


Моментално во Центарот за култура се прикажува најпопуларниот филм на Балканот, а тоа е филмот “Јорговани”, за кој кај прилепската публика постои огромен интерес. Исто така, на 08.10.2024 година во Центарот за култура настапува Универзитетскиот ансамбл кој со сигурност ќе го привлече вниманието на прилепчани, посебно кај оние кои сакаат да ја негуваат македонската традиција.
Меѓутоа, тоа не е се! Овој месец во НУЦК Марко Цепенков ќе има уште неколку атрактивни настани во големата сала, за кои наскоро ќе ве информираме. Да ти е мерак да присуствуваш, да гледаш и уживаш! Цел месец “култура во Цепенков”.
НУЦК Марко Цепенков – значаен извор на културниот живот во Прилеп!